| ШТО Е АНАРХО-ФЕМИНИЗАМ? |
|
|
|
| Напишано од Mirovna Akcija | |
|
Тешко прашање. Можеби затоа е најдобро да се почне од почеток. А на почетокот на приказната за анархо-феминизамот, анархизмот и феминизмот беа два генерално одвоени поими, макар што отсекогаш биле тесно поврзани (пр. Еден од најстарите анархистички весници во светот “Freedom“, помеѓу основачите (1886) била и феминистката Charlotte Wilson). На крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, мошне познати беа феминистките и анархистките, како на пример Mary Wollstonecraft, Lucy Parsons, Voltairine de Cleyre i Emma Goldman, кои спојот на анархизмот и феминизмот го направија популарна идеја. Можеби би можеле да ги наречеме зачетнички и пионерки во борбата за слободата на жените, а со самото тоа и за слобода во општеството. Во дваесеттиот век идејата и движењето земаат замав и развиваат свои облици на организирање, независни групи. Ги обележува децентрализам, неструктурираност, без догми, одбивање на една идеологија или линија и потполн презир кон хиерархијата како структура во внатрешноста на една група, но и во целокупното општествено живеење. Таквиот облик на организирање и делување се задржа до денес.
Зошто слободарските (анархистички) идеи отсекогаш биле толку важни за феминистичкото движење? Анархизмот во своите почетоци се противи на секој облик на авторитет и на сите авторитативни системи, па така и на авторитетот на мажот над жената и на патријархатот. Авторитативните системи се засноваат на семејството како јадро, нуклеус и основа за нивен опстанок. Она што детето, а особено женското дете во таков систем го учи од таткото до учителот, до шефот па до бога е - СЛУШАЈ, големиот замаскиран глас на авторитетот. Феминизмот се бори против таквите етаблирани патријархални догми, против систематската доминација на мажот над жената во општествени структури, против културата на силување, се спротивставува на сите стереотипи на жената како светица и мајка или курва, жената како сексуален објект, жената како пасивна поединка. Феминизмот се бори за еднакви права на мажите и жените, се стреми за претворање на “машкиот свет“ во “свет за сите луѓе“ без разлика на полот, возраста, расата, образованието, сексуалната определеност. Анархизмот му ја дава таа шанса на феминизмот. И ова е точката каде анархизмот и феминизмот се спојуваат во анархо-феминизам. Анархо-феминизмот го препознава патријархатот како есенцијално оружје на модерното капиталистичко и хиерархиско општество, со чија помош го одредува текот на секојдневниот живот низ институциите и семејството како една од нив. Затоа мислам дека анархо-феминизмот е попотполно решение од самиот феминизам, затоа што не се фокусира само на промена на положбата на жената во општеството, туку и на промена на положбата на СИТЕ луѓе во општеството, на комплетна општествена промена. Проблемот на жената во општеството како граѓанка од втор (трет?) ред не е проблем сам за себе, туку е дел од комплетното проблематично општество на нееднаквост и авторитативност. И толку долго се додека не се укине односот надреден/а и подреден/а во било која општествена област, се дотогаш, нееднаквоста помеѓу луѓето ќе постои, па така и меѓу жените и мажите. Системот кој и понатаму се држи до фетишот на женска инфериорност и го прави тоа затоа што најмногу од се мрази кога ќе се допре до неговиот авторитет. Кога ќе биде предизвикан. Тоа е карактеристично за сите авторитети, без разлика дали е тоа авторитетот на господарот над своите економски робови или е тоа авторитетот на мажот над жената. Сепак, луѓето бегаат од своите кафези и напредуваат со големи слободни чекори. Анархо-феминизмот е предизвик на жените и мажите на овој систем, но и човечки предизвик сам за себе, затоа што сепак е потребна промена во себе, а потоа околу себе. Човечката страст и потребата за слобода постои од самите почетоци на постоењето на човековиот род и работата не е само во еманципацијата на жените, туку и во еманципацијата на општеството, на сите луѓе. Не сакаме да можеме исто како и мажите, сакаме да можеме многу повеќе сите заедно. А кога тоа ќе го постигнеме анархо-феминизмот ќе ја постигне својата цел. Ќе биде слободен да се укине самиот себе. Превземено од: http://www.anfemafest.tk/ |
| Следно > |
|---|
Што е анархофеминизам? 

